сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Скопје и Охрид во мрак за „Часот на планетата Земја“

    Без осветлување останаа претседателската вила „Водно“, Владата, плоштадот „Македонија“

     

    Скопје вечерва еден час остана без осветлување по повод „Часот на планетата Земја“, како и многу други светски метрополи кои се дел од оваа акција.

    На повеќе локации во Скопје во 20.30 часот беа исклучени светилките, како дел од акцијата во која се вклучени 8 000 града во преку 180 држави ширум светот.

    Без осветлување останаа претседателската вила „Водно“, Владата, плоштадот „Македонија“, сите објекти и мостови низ кејот на Вардар, тврдината Кале, Порта „Македонија“, како и парковите во општините Аеродром и Карпош.

    Слично, и во Охрид  беа изгаснати светилките на најатрактивните локации, како  Самоиловата тврдина, кејот „Македонија“ и „Света Софија“, Плаошник и Канео.

     

    И оваа година акцијата се одбележува виртуелно, со одржување на првата дигитална климатска конференција во земјава под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“.

    „Часот на планетата Земја“ започна како симболичен настан во Сиднеј во 2007 година,  а сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на порака за солидарност со проблемите со кои се соочува планетата Земја.

    Северна Македонија е дел од акцијата 12.пат.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ