петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Не се очекува драматичен раст на цените на нафтата

    Според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика, пазарот на нафта, сепак, се соочува со неизвесност по опоравувањето од шокот што го предизвика намалената побарувачка во екот на пандемијата

     

    Светските пазари на нафта се вратија од огромниот шок на побарувачката предизвикан од ковид-19, но сепак се соочуваат со висок степен на несигурност што ја тестира индустријата како никогаш порано, според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

    Прогнозата за глобалната побарувачка на нафта е поместена пониско, а побарувачката може да достигне врв порано отколку што се сметаше претходно, доколку зголемениот фокус на владите кон чиста енергија се претвори во посилни политики и промените во однесувањето предизвикани од пандемијата станат длабоко вкоренети, според „Оил 2021“ – најновиот извештај на среден рок на ИЕА. Сепак, најочекуваното сценарио е дека побарувачката на нафта би се се искачила на 104 милиони барели на ден до 2026 година, што е за 4 проценти повеќе од нивото во 2019 година.

     

    ИЕА денеска соопшти дека цените на „црното злато“ веројатно нема да растат драматично и континуирано, и покрај очекувањата дека кампањите за вакцинација, во текот на годината, ќе ја зголемат побарувачката

    „Остриот скок на цената на нафтата, до блиску 70 долари за барел, беше поттикнат од приказните за нов суперциклус и од недостигот на понуда. Нашите податоци и анализи укажуваат на спротивното“, наведува ИЕА во својот месечен извештај,пренесуават британските медиуми.

    Количествата нафта во залиха и натаму изгледаат огромни во споредба со историските нивоа, и покрај нивното постојано намалување. Покрај големите залихи, изградени се и голем број резервни производствени капацитети, како резултат на ограничените испораки од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата популарно наречена ОПЕК +.

     

    Тасс ја пренесе проценката на ИЕА, според која Русија може до 2026 година да го зголеми производството за 0,7 милиони барели дневно, однодсно на 11,3 милиони барели.

    „Во текот на 2021 година, ќе дојде до умерено зголемување на производството на нафта во Русија поради продолжувањето на ограничувањата согласно договорот ОПЕК +. Значително зголемување на испумпувањето се очекува во 2022 и 2023 година, по укинувањето на ограничувањата, што ќе овозможи враќање на производството на нивото пред намалувањето“, оцени ИЕА.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ