среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетската заедница покрена постапка против Северна Македонија

    Причина е неисполнувањето на горните граници на националните планови за намалување на емисиите – НЕРП за 2018 и 2019 година, за што се „обвинети“ и Србија, Б и Х и Косово  

     

    Секретаријатот на Енергетската заедница почна постапка за решавање на споровите против  Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, поради неисполнување на нивните горни граници на националните планови за намалување на емисиите – НЕРП за 2018 и 2019 година, соопшти српската Н1.

    Во соопштението се наведува дека со испраќање на воведни писма, Секретаријатот покренал прелиминарна постапка, чија цел е овозможување на договорните страни да реагираат на наводите за непочитување на законите на Енергетската заедница во рок од два месеци и да му овозможат на Секретаријатот целосно да се запознае со позадината на секој случај.

    НЕРП е инструмент за усогласување со Директивата за големи постројки за согорување и треба да предвиди намалување на емисиите на сулфур диоксид, азотни оксиди и прашина за група на растенија опфатени со нивниот опсег.

    „Во случајот на Северна Македонија таа се соочува со проблеми во однос на максимумот за сулфур диоксид и прашина, додека за Србија најголемиот предизвик е почитувањтоа на горната граница на сулфур диоксид. Босна и Херцеговина и Косово не ги исполнија горните граници за ниту еден од трите загадувачи, се наведува во соопштението.

    Согласно членовите 7 и 17 од Деловникот за решавање на спорови, на заинтересираните страни може да им се овозможи пристап до списите на предметот и можат да достават писмени забелешки за овој случај до Секретаријатот во предходната постапка.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ