четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Огромен пад на приходите на нафтените компании поради пандемијата

    Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година.

    Англо-холандскиот нафтен гигант „Ројал Дач Шел“ (Royal Dutch Shell) објави дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година.

    Финансискиот резултат на „Шел“ не е толку лош во однос на конкурентите како што се британската „Бритиш петролеум“ и американските „Ексон мобајл“ и „Шеврон“ .

    „Бритиш петролеум“ ја објави оваа недела првата загуба во последната деценија од 5,7 милијарди долари, додека „Ексон“ објави загуба од 22,4 милијарди долари, прва откако стана јавно претпријатие.

    Нафтените компании бележат  пад на приходите поради долготрајниот пад на побарувачката на енергенси за време на карантините воведен ширум светот поради пандемијата со Ковид-19.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ