петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапи за денар до 1,5 денари по литар

    Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел, се зголемуваат за 1,00 денар па така Еуросупер БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел изнесува 54,50 ден/литар. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денар и цената на Еуросупер БС-98 изнесува 65,00 ден, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 54,50 ден/литар.

    Со одлуката на РКЕ за 1,772 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1  и ќе изнесува 30,823 денари.

    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,708 отсто и кај дизелот за околу 4,285 отсто, како и за 0,845 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ