четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Проширување на категориите на ранливи потрошувачи на струја предлага РКЕ

    По поскапувањето на електричната енергија, РКЕ сега предлага мерки за намалување на енергетската сиромаштија

    Предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи на електрична енергија достави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до Министерството за економија.

    Како што појаснуваат од РКЕ, се работи за иницијатива, во соработка со електродистрибуција, а по препорака на енергетската заедница, со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не можат да ги подмират сметките за струја.

    Предлогот опфаќа принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи, наведуват од РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ