сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Најмалку 67 компании се заинтересирани за изградба на „Чебрен“

     

    Рокот за поднесување понуди, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, истекува денеска

     

    Вкупно 67 компании до вчера покажале интерес за јавниот повик за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Рокот за поднесување понуди, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, истекува денеска

    „Како министер надлежен за секторот енергетика имам информација дека до вчерашниот ден 67 компании покажаа интерес, но заклучно со денеска треба дополнително да провериме колку компании дале понуда, а откако Комисијата ќе ги отвори сите понуди секако дека ние како Министерство за економија ќе бидеме директно вклучени во целосната процедура за избор на најповолна понуда“, рече Бектеши.

    Пред десетина дена, Владата го задолжи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство или за продажба на ТЕЦ Неготино, но и  да спроведе постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ „Чебрен“.

    На 28 декември ќе се отвораат понудите за проектот „Чебрен“ и „Галиште“, од каде што ќе се произведуваат 300-400 мегавати нова енергија, најави премиерот Зоран Заев во октомври. 

    Изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“ е дел од енергетската програма на новата влада.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ