петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Бочварски: Ќе станеме сериозни играчи на пазарот на гас

    Косово и Црна Гора во иднина ќе се снабдуваат преку нас, односно  преку интерконекторот кој доаѓа од Грција, објаснува министерот за транспорт и врски

     

    Гасификацијата е еден од приоритетите на Владата, а државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

    Тој вели дека кракот што поминува  од Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90 проценти прогрес, а кракотод Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65 проценти. Паралелно, нагласи тој, се работи на поврзување на проекти со Косово и Грција.

    „Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас, со тоа што Косово и Црна Гора во иднина ќе се снабдуваат преку нас, преку интерконекторот кој доаѓа од Грција“, рече Бочварски цо гостување на ТВ 24.

    Во однос на гасификацијата на градовите, вели Бочварски, нема потреба опозицијата да поднесува амандмани за трошење на буџетски пари, зошто Владата веќе е во процес на јавно приватно партнерство со компанија и, според него, веќе има две заинтересирани турски компании за гасифицирање на сите градови во државата без трошење на буџетски средства.

    Тој рече дека приватниот партнер за гасификацијата ќе вложи  350 милиони.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ