четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетската ефикасност и интерконекцијата со гас од Грција – иднина на развојот на државата

    Пред нас се бројни предизвици кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, рече премиерот Заев, на отворањето на денешниот  Енергетски форум во Скопје

     

    Вложувањето во енергетскиот сектор и постепеното преминување кон обновливите извори на енергија се приоритети кон кои треба да се насочат сите држави, заклучија учесниците на денешниот Енергетски форум во Скопје.

    Поради пандемијата на ковид-19, настанот се одржува со редуциран број на учесници и преку конференциска врска.

    Премиерот Зоран Заев рече дека еден од приоритетите на кои се фокусира Владата на среден и долг рок е вложувањето во енергетскиот сектор и постепеното намалување на употребата на јаглен, односно преминување кон изворите на чиста енергија, како што се водата, сонцето и ветерот.

    „Енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, се иднината на развојот. Ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок“, рече Заев.

    Тој нагласи дека веќе се преговара за терминалот на течен природен гас во Александропулос, а од голема важност, според него, се и идеите за разработка на проектните документации за интерконектор со Косово и интерконектор со Србија, како и интерконектор меѓу Струмица и Петрич.

    „Пред нас се бројни предизвици кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасификацијата. Но тоа се неизбежни инвеститициски процеси и проекти кои носат придобивки на долг рок“, нагласи Заев.

    Енергетските проекти имаат големо влијание врз целото општество и добро е што Владата на Северна Македонија става акцент на енергетската ефикасност и на интерконекцијата со природен гас од Грција, оцени американската амбасадорка Кејт Брнс.

    Оцени дека е потребен силен енергетски сектор кој ќе има различни извори на производство на електрична енергија со што ќе се зголеми конкурентноста и сигурноста во снабдувањето.

    Брнс посочи дека во 2013 година е изработена студија која покажа дека Северна Македонија е меѓу петте држави кои се најзависни од гас. Оттогаш, како што рече, работите не се променети и многу држави од регионот зависат од рускиот гас како енергенс..

    Денешниот енергетски форум го организираат Владата, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот.

    Фоурмот почна пред три години како иницијатива за зајакнување на дијалогот меѓу Северна Македонија и САД во областа на енергетиката. Денес, форумот обединува на едно место претставници од институции и експерти кои дебатираат и разменуваат иксуства од областа на енергетиката.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ