среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ апелира на одговорност во услови на пандемија: БЕГ да пушта парно и кога температурите се 16 степени

    Се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност

     

    БЕГ ќе мора да испорачува парно во домовите и кога надворешната температура преку ден ќе биде  16 степени Целзиусови, предупредуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Ова, како што велат, го наложуваат измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина и кои предвидуваат зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите.

    „Целта е да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во услови на пандемија се приморани подолго време да престојуваат во своите домови“, велат од РКЕ, која ги одобри изменитена мрежните правила.

    Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ги повика компаниите на поголема општествена одговорност во услови на пандемија на ковид-19.

    „Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Воедно, ги информирам потрошувачите дека се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност“, вели Бислимовски.

    Тој посочува дека потрошувачите кои се незадоволни од услугата од дистрибутерите на топлинската енергија може да поднесат приговор до РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ