петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Британија до 2030 година може да забрани продажба на автомобили на фосилни горива

    Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист“ бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони, со цел да се зголеми продажбата на електрични автомобили, согласно со целите за климатските промени

     

    Велика Британија може да воведе забрана за продажба на автомобили со мотори на фосилни горива пет години порано во однос на првичниот план.

    Како што јавува „Фајненшл тајмс“, британскиот премиер Борис Џонсон ќе објави забрана за продажба на автомобили со СУС мотори, што ќе стапи во сила во 2030 година, пет години порано од првично планираното.

    Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист“ бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони.

    Забрзувањето на плановите, наводно, има врска со намерата да се зголеми продажбата на електрични автомобили со цел Велика Британија да се доближи до целите за климатските промени.

    Владата е подготвена да потроши 500 милиони фунти за изградба на инфраструктурата потребна за полнење електрични автомобили.

    Се очекува Џонсон да го објави планот во наредните денови.

    Локалните медиуми коментираат дека производителите на автомобили веројатно нема да бидат задоволни од одлуката, што може да влијае на британскиот пазар

    НАЈНОВИ ВЕСТИ