сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетската соработка во фокусот на разговорите на Битиќи и Франкојанис

    Енергетското поврзување на Северна Македонија и Грција, како и енергетската соработка меѓу двете земји биле темите за кои вчера, преку видеоконференција, разговарале заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-шефот на грчката дипломатија Костас Франкојанис.

     

    Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека на видеоконференцијата биле опфатени прашањата за енергетска интерконекција помеѓу Грција и Северна Македонија, вклучувајќи го снабдувањето со природен гас и нафта.

     

    -Господинот Франкојанис, меѓу другото, ги истакна придобивките на ниво на економијата, животната средина и безбедноста на енергетското планирање, од поблиската соработка на двете страни. Во иста насока, заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, господинот Битиќи, меѓу другото, истакна дека неговото учеството во конкретната видеоконференција и учеството на министрите за економија и животна средина ја покажуваат волјата на Владата на Северна Македонија за брз напредок, соопштуваат од грчкото МНР.

     

    На состанокот, присуствувале и министрите за економија и животна средина на Северна Македонија Крешник Бектеши и Насер Нуредини, генералната секретарка во Министерството за енергија во надлежното грчко Министерство, како и високи претставници од Националниот оператор за природен гас на Грција и од „Хеленик петролеум“.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ