сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ го презема претседавањето со Балканскиот советодавен форум

    Македонската регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го презема  од регулаторното тело на Грција претседавањето со Балканскиот советодавен форум (Balkan advisory forum),

    Одлуката е донесена на состанокот што се одржа во Солун, а на кој учествувале  регулаторните тела за енергетика од Србија, Албанија, Црна Гора, Грција и Бугарија кои се основачи и членови на Балканскиот советодавен форум.

    „Ни претставува особена чест што РКЕ ќе претседава со Балканскиот советодавен форум следната година. Во време на светска пандемија во која клучен фокус на регулаторите од регионот е да се обезбеди сигурна и стабилна испорака на енергенси, главната цел од претседавањето на РКЕ ќе биде да се исцрта регионалната рамка во која ќе бидат дефинирани принципите и насоките базирани од досегашните искуства како се брани енергетскиот систем во состојба на пандемија. Оваа колективна меморија треба да се вгради во документ кој треба да остане како патоказ за идните генерации“, изјави претседателот на РКЕ  Марко Бислимоски.

    Тој, заедно со потпретседателот Куштрим Рамадани и комесарот Атанаско Тунески, учествуваа на состанокот на Балканскиот советодавен форум каде и формално го презедоа претседателството од Грција.

    Балканскиот советодавен форум е постојано советодавно тело на националните регулатори на Грција (Регулаторно тело за енергетика – РАЕ), Бугарија (Регулаторна комисија за енергетика и вода – КЕВР), Србија (Агенција за енергетика  – АЕРС), Црна Гора (Агенција за регулирање на енергијата – РЕГАГЕН) и Северна Македонија (Регулаторна комисија за енергетика  и за водни услуги – РКЕ).

    Целта на Балканскиот советодавен форум е да се поттикне соработката за енергетски прашања што се од заеднички интерес (електрична енергија, гас, управување со вода, ОИЕ), на доброволна основа.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ