четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицотакис најавува договор со Заев за транспорт на природен гас и за реотворање на нафтоводот

    Уверување дека ќе има договор со македонските власти за транспорт на природен гас и за отворање на нафтоводот меѓу двете земји изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео порака на петтиот „Thessaloniki Summit 2020“.

    Во своето обраќање, Мицотакис посебно се задржа на прашања од областа на инфраструктурата и енергетиката, спомнувајќи ги гасоводите што се во изградба, но и поврзувањето на Северна Македонија и Грција за транспорт на природен гас и за одново отворање на нафтоводот.

    „Сигурен сум дека набрзо ќе се согласиме со премиерот Зоран Заев и за уште два паралелни фронта. За меѓудржавното поврзување за транспорт на природен гас до крајот на 2023 година, но и за одново функционирање на нафтоводот ‘Вардакс’, кој се надеваме дека набзо ќе почне одново да ја снабдува рафинеријата во Скопје која е во сопственост на ‘Хеленик петролеум’“, истакна Мицотакис.

    На панелот посветен на ЕУ перспективата на регионот на „Thessaloniki Summit 2020”, вечерва видео обраќање имаше и Заев, како и албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

    Заев рече дека Грција е меѓу петте најголеми трговски партнери на Северна Македонија и дека размената меѓу двете земји за периодот јануари-август годинава е 414 милиони евра.

    Заев изјави пред извесно време дека Северна Македонија добила понуда од Грција за косопствеништво на гасните терминали во Александрополис, каде што ќе се гради 800 мегаватна централа.

    Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, на онлајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор, рече дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто со идниот крак од Грција преку Северна Македонија до Косово, со што стануваме транзитна земја.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ